Abstract
Оваа статија ги опишува локалните и транснационалните процеси кои доведоа до етнички конфликт во Македонија, потенцирајќи ја реартикулацијата на класните, етничките и на родовите разлики кои се јавија како резултат на распаѓањето на Југославија во 1991 и создавњето на независна Македонија. Главна цел на оваа анализа е доменот на потрошувачката и материјалната култура, особено на внатрешните декорации. Предмет на анализата се мебелот, декоративните објекти и поделбата на просторот во домовите на моите информатори, а централната теза е дека потрошувачката ја редефинира етничноста во Македонија по 1991 година. Материјалот добиен од теренското истражување покажува дека материјалната култура и потрошувачката рефлектираат, но исто така и креираат етничка тензија меѓу Македонците и Албанците. Теоретски, оваа статија ги поврзува аналитичките концепти кои преовладуваат во социјалната антропологија, како, на пр., eтничност, материјална култура и потрошувачка, со психоаналитичките концепти на фантазија, порив и на загуба. Оваа врска дава солидна основа за антрополошка анализа која ги зема предвид индивидуалните и колективните искуства на луѓето со различно етн
Cite
CITATION STYLE
Димова, Р. (2016). Консумирајќи го „dругиот“: pример(и) од Југоисточна Европа. ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom, (5), 10–38. https://doi.org/10.37620/eaz0550010d
Register to see more suggestions
Mendeley helps you to discover research relevant for your work.